Рестрикциите во Манчестер јунајтед немаат крај - Ретклиф дели нови откази!

Екипата на Манчестер јунајтед продолжува со рестрикциите и намалувањето на трошоците, па така 48 часа по поразот од Тотнем во финалето од Лига Европа клубот испратил известување до сите вработени дека ќе следи нов бран на отпуштања во кои ќе си заминат 200 лица.

Според најавите од Островот најмногу ќе бидат погодени физиотерапевтите и масерите, а во клубот наводно сакаат да ја расчистат ситуација пред заминувањето на летните подготовки во Хонг Конг.

Очекувањата се да биде и намален бројот на скаути, додека од претходно беше најавено дека од клубот ќе си заминат директорот на скаут службата, Стив Браун, директорот за фудбалски операции Дејвид Харисон и директорот за иновации Ричард Хокинс.

Овие мерки се дел од поширокиот план за кратење трошоци под водство на Сер Џим Ретклиф, кој од февруари 2024 година има малцински удел, но оперативна контрола врз клубот. Со новите 200 отпуштања, вкупниот број на отпуштени лица од доаѓањето на Ретклиф ќе достигне 450, откако претходното лето беа отпуштени 250 луѓе. Според финансиските извештаи, Јунајтед минатата сезона имал просечно на платниот список имал 1.112 вработени месечно.

Фото: Manchester United/X