Денвер не сака да ризикува: Ќе го направи Јокиќ најплатен во НБА!

По елиминацијата од Оклахома, НБА аналитичарите сè погласно зборуваат ситуацијата во Денвер Нагетс, особено во контекст на ограничените можности што ги има клубот за реконструкција на ростерот, а исто така се најавува дека Никола Јокиќ би можел да добие максимален договор.

Како што пренесува Сем Амико од „Hoops Wire“, Нагетс имаат само два пика од првата рунда кои смеат да ги трејдуваат до 2032 година, што значително ги ограничува опциите на пазарот.

„Никола Јокиќ е главната ѕвезда, но овој тим и натаму има потреба од помош. Извори блиски до клубот велат дека постои колебање кога станува збор за разделба со клучните играчи од шампионскиот состав од 2023 година“, вели Амико.

Според него, имињата на Џамал Мареј, Ерон Гордон, Мајкл Портер Џуниор и сè почесто Кристијан Браун, се споменуваат како потенцијални за трејд. Јасно е, сепак, дека Јокиќ останува централна фигура, неговото заминување не доаѓа предвид.

Српскиот ас и троен МВП на НБА лигата наскоро ќе може да потпише нов „супермакс“ договор со Нагетси. Како што информираат Боби Маркс и Сем Амико, Денвер ќе има можност веднаш по завршувањето на финалето на НБА да му понуди нов тригодишен договор вреден 212,2 милиони долари со што Јокиќ би станал најплатениот во лигата.

„Секогаш кога кошаркар како Јокиќ добива можност за нов договор, тоа станува апсолутен приоритет за секој клуб“, наведуваат аналитичарите.

ФОТО: EPA PHOTO