
Мадрид е подготвен за почеток на нова ера - закажана презентацијата на Алонсо!
Искусниот италијански стратег го водеше тимот и во периодот од 2013 до 2015 година, а во 2021 година се врати и во изминатите четири години оствари голем успех.
Во текот на овие два мандати, Анчелоти освои три трофеи во Лигата на шампионите, по два пати беше шампион на Шпанија и победник во Копа дел Реј, а го донесе и истиот број на трофеи од Светското клупско првенство. Со овие успеси, тој се етаблира како еден од најуспешните тренери во богатата историја на мадридскиот гигант.
Од клубот веќе подолго време работат на планот за иднината, а според шпанските медиуми, Чаби Алонсо ќе биде новиот стратег на „кралевите“. Актуелниот тренер на Баер Леверкузен кој во минатата сезона успеа да ја прекине доминацијата на Баерн МИнхен, треба да биде претставен како нов предводник на Реал Мадрид во понеделник, на 27 мај и со тоа да започне една нова ера во Мадрид.
Фото: Bayer 04 Leverkusen/X