
Куманово го доби „малото финале“ и заврши трет, ќе се надева и на АБА2
Почетокот на натпреварот донесе изедначена игра, па во првата четвртина двете екипи се менуваа со водсството, а домаќините успеаа да ја добијат со еден поен предност (22-21).
Куманово го крена нивото на игра во вториот дел и започна да го трасира патот до победата, па така во најголем дел од овој период имаше предност од пет-шест поени разлика, а на одмор замина и со водство од 39-33.
Натпреварот беше одлучен во третата четвртина која Куманово ја доби со 21-13 и така во последниот период влезе со водство од 60-46. Немаше сили за враќање Работнички, па Куманово дојде и од убедлив триумф.
Урош Луковиќ беше најефикасен со „дабл-дабл“ учинок од 19 поени и 13 скокови, додека Дамјан Робев на спротивната страна постигна 13 поени.