Јанакопулос ги нападна судиите, па Бодирога (ВИДЕО)

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос имаше нов испад за време на полуфиналниот натпревар од Евролигата против Фенербахче.

На крајот од првото полувреме, тој предизвика голем инцидент во кој ги нападна судиите, но и првиот човек на Евролига, Дејан Бодирога. Кога арбитрите тргнаа кон соблекувалната, тој влета во теренот и почна да ги навредува, а веројатно и физички ќе ги нападнеше да не беше обезбедувањето.

Судиите заминаа, па Јанакопулос се сврте кон Бодирога и Мотиејунас кои седеа покрај теренот. Ова не е прв инцидент на Јанакопулос оваа сезона, неодамна доби казна од 80 илјади евра од Евролигата.