Надреална сцена во Бразил: Рафални истрели прекинаа интервју на Кутињо (ВИДЕО)

Eкипата на Васко де Гама се подготвува за натпреварот со својот градски ривал Фламненсе во рамките од десеттотот коло, а пред средбата на легендарната „Маракана“ внимание привлече ситуација со Фелипе Кутињо.

Бразилецот кој во Европа го носеше дресот на екипи  како Ливерпул, Барселона и Баерн Минхен сега игра во татковината каде што едно негово интервју пред споменатата средба беше прекинато со рафални истрели кои јасно се слушнаа додека тој зборуваше.

Во тие моменти Кутињо како да се работи за нешто секојдневно само се насмевна и продолжи.