
За Меси најдобриот фудбалер во историјата е – Роналдо!
Според славниот Аргентинец, најголемиот фудбалски талент што некогаш настапувал е Роналдо Назарио, поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и бразилската репрезентација.
„Роналдо Назарио беше феномен. Од сите напаѓачи што сум ги гледал, тој е најдобриот. Импресивен од секој аспект“, изјави Меси.
Во текот на својата блескава кариера, Меси имал прилика да игра со и против некои од најголемите имиња во фудбалот, меѓу кои Кристијано Роналдо, Иниеста, Нејмар, Вејн Руни и Анри. Покрај тоа, како најтежок дефанзивец против кој играл, го посочи Пабло Мафео, поранешен играч на Манчестер Сити.
ФОТО: EPA PHOTO