
Не е само Алонсо: Во Мадрид се враќа и Бразилецот со прекар „ѕвер“
Како што објави шпанска „Марка“, легендарниот офанзивец ќе има задача да работи со млади таленти во славниот „Валдебебас“.
„Се враќа „ѕверот““, пишува весникот, алудирајќи на прекарот што Баптиста го доби во времето кога го носеше белиот дрес како фудбалер.
Баптиста ја започна својата професионална кариера во Сао Пауло, а во Шпанија дојде преку Севиља, од каде што во 2005 година премина во Реал Мадрид за 20 милиони евра.
Иако поседуваше голем потенцијал и беше фудбалер кој можеше да покрие повеќе позиции во нападот и средниот ред, конкуренцијата во Реал беше жестока, па прво настапуваше за Арсенал како позајмен фудбалер, за потоа Рома да го откупи во 2008 година. Подоцна беше дел и од Малага, Орландо сити, Крузеиро и романски Клуж.
Како репрезентативец на Бразил, Баптиста успеа да освои две титули во Копа Америка.
По завршувањето на играчката кариера, се посвети на тренерската работа, пред сè во младинските категории на Ваљадолид. Добриот однос што го задржа со раководството на Реал Мадрид му ја отвори вратата за нов предизвик.
Фото: EPA PHOTO