Почна фештата во Неапол - се чека шампионска титула (ВИДЕО)

Вечерва ќе се знае кој ќе биде шампион на Италија за сезоната 2024/25 бидејќи се играат клучните два дуела за трофејот.

Наполи ги има сите услови повторно да ја освои титулата бидејќи игра на домашен терен против Каљари и има бод предност во однос на Интер кој, пак, му гостува на Комо. Навивачите на Наполи се свесни за важноста на вечерашниот дуел, дури 400 илјади апликации за билети доби клубот, а фештата во градот веќе почна, на околу четири часа пред почетокот на натпреварот.

Улиците се обоени во сино, илјадници навивачи се излезени надвор и сигурни се дека славјето ќе трае до доцна во ноќта. Натпреварот почнува во 20:45, а уште сега дел од фановите почнаа да влегуваат на стадионот “Диего Марадона“.