
Варди ја напушта Англија, прв фаворит за неговиот потпис - Валенсија
Иако има 38 години, напаѓачот се уште се наоѓа во добра форма, па има повеќе клубови што би сакале да го видат во своите редови. Сепак, како што тврдат британските медиуми, Варди многу веројатно ќе го напушти Островот, но се уште ќе игра фудбал на највисоко ниво.
Најзаинтересирана за неговиот потпис е Валенсија која во вториот дел од сезоната направи чудо и од екипа што се бореше за опстанок стигна да се бори за пласман во европските купови. Варди веројатно не би бил стартер, но сепак со своето искуство може да му помогне на тимот.