Боксови, удари со нога и сето тоа на фудбалски натпревар помеѓу - жени (ВИДЕО)

На натпреварот до 17 години помеѓу репрезентациите на Швајцарија и Русија, дојде до неверојатна тепачка. Судири во фудалот има, но ретко тоа се случува во женскиот, особено не кога се соочуваат млади фудбалерки.

Репрезентативката на Швајцарија, Ела Љуштин ја удри нејзината противничка Памен Чато жестоко по нозете, а Русинката и возврати со удар директно во главата. Потоа разменија уште неколку удари, а за голема среќа брзо реагираа нивните колешки, па не дојде до уште поголем инцидент.