Бока почна со провокации пред Суперкласико! (ВИДЕО)

Реваншот од финалето на Копа Либертадорес е закажан за во сабота од 21 часот, но „натпреварот“ почна многу порано, откако Бока јуниорс испрати мала провокација преку социјалните мрежи до Ривер плејт.

На самиот почеток на видеото може да се слушне како легендарниот Хуан Роман Рикелме го споменува името на ривалот и наместо Ривер изговара „РиБер“.

Ова претставува навреда за Ривер, кој пред неколку години заврши во втората лига и тоа е нешто што навивачите на Бока ќе го искористат за да го исмејуваат ривалот.

Да потсетиме, во првиот натпревар од финалето во Копа Либертадорес двата тима одиграа 2-2 и се очекува многу возбудлив реванш.