Македонската фудбалска репрезентација попладнево отпатува за Тбилиси, каде во петок ја очекува претпоследниот дуел во Лигата на нации. 

Селекторот Благоја Милевски не може да смета на најсилнот состав поради многуте откажувања. Дел од првотимците се повредени, како капитенот Стефан Ристовски неговиот соиграч од Динамо Загреб, Аријан Адеми,  но тимот повторно е респектабилен и ќе биде предводен од Елиф Елмас, Езгјан Алиоски, Енис Барди, Столе Димитриевски и други.

На Македонија и треба вистинско чудо во Тбилиси за да го освои првото место во групата и да обезбеди бараж, но и ранг погоре во Лигата Б следното издание.