Осака беше на чекор до трофејот, ама се предаде со солзи во очите!
Таа го освои првиот сет против Клара Таусон со 6-4, но мораше да се повлече поради болка во долниот дел на грбот. Според првичните информации, сè уште не е јасно дали ќе биде подготвена за Австралија Опен, кој започнува на 12 јануари.
Ова е уште еден удар за поранешната тенисерка број еден, која претходно отсуствуваше три месеци поради слична повреда за време на кинеската турнеја во октомври 2024 година. Последното финале на Осака беше во Мајами во 2022 година, кога загуби од Ига Швионтек.За данската тенисерка, пак, ова беше трета титула во нејзината кариера, прва по 2021 година.