Флик: Олмо сака да игра само за Барселона
Херој на победата на каталонскиот гигант беше Пабло Торе кој постигна еден гол и асистираше за двата на Роберт Левандовски, преостанатиот беше дело на Ерик Гарсија.
По натпреварот новинарите на прес-конференцијата очекувано ги интересираше и мислењето на Флик за ситуацијата на Дани Олмо и Пау Виктор.
„Убеден сум дека клубот ќе го реши прашањето со нивната регистрација. Зборував утрово со Дани и него го интересира само Барселона. Ќе ги чекаме“, изјави Флик.
Ќе потсетиме, Ла Лига и Фудбалскиот сојуз на Шпанија во текот на вчерашниот ден го одби барањето на Барселона за регистрација на Олмо и сега Лапорта мора да бара ново решение.