Меси му „удри“ корпа на претседателот во заминување на САД!
Станува збор за највисок орден во САД, но и покрај тоа аргентинскиот ас го известил Бајден дека нема да присуствува на церемонија на доделувањето кое ќе се одржи вечерва.
„Ова е голема чест за мене и јас навистина сум благодарен. За жал, веќе имам закажани обврски и нема да можам да присуствувам на церемонијата во Белата куќа, но длабоко го ценам овој гест“, објави Меси кој додава дека е отворен да го прими признанието кога ќе се врати во САД иако во тој период на должноста веќе ќе биде наследникот на Бајден, Доналд Трамп.
Од спортските личности, меѓу носителите на орденот е и поранешната американска кошаркарска суперѕвезда Меџик Џонсон.