На Киеза му здодеа да „дреме“ во Ливерпул – пред враќање е во Серија А!
Премиерлигашот е подготвен да го отстапи италијанскиот интернационалец, но само ако Наполи прифати клаузула за задолжителен откуп по цена повисока од 13 милиони евра. Киеза летово пристигна на „Енфилд“ од таборот на Јувентус, но не успеа да го оправда своето доаѓање поради повреди, со само 123 минути игра во дресот на Ливерпул оваа сезона. Оваа ситуација го привлекува вниманието на Наполи и тренерот Антонио Конте, кој верува дека може да го врати Киеза на врвното ниво што го покажуваше во Јувентус и во италијанската репрезентација.
Клучна пречка за трансферот е платата на играчот, што претставува значителен финансиски товар за Наполи, па клубот бара дел од трошоците да ги покрие Ливерпул додека Киеза настапува на „Диего Армандо Марадона“.