Миовски како ѕвезда пречекан во Абердин – би можел да дебитира в недела (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец повеќе од еден месец е член на шкотскиот прволигаш Абердин, но денеска првпат се појави во тренинг центарот на овој клуб, откако му беше одобрена работна дозвола и дозволен влез во Велика Британија.

Неговиот прв ден на новото работно место беше овековечен со посебно видео, на кое се гледа дека Македонецот беше пречекан како ѕвезда, односно како фудбалер од кого се очекува многу во овој тим.

Миовски во тимот на славниот Алекс Фергусон, кој му ги донесе првите две шампионски титули на Абердин, пристигна од унгарски МТК за сума од 640.000 евра. Тој минатата сезона на 31 натпревар за МТК постигна десет погодоци, додека шанса за официјално деби во новиот клуб има веќе в недела, кога Абердин ќе ги одмери силите со Реит Роверс во шкотскиот Лига Куп.