Тајсон се враќа на професионалниот бокс - по 19 години ќе ја има првата борба!

Еден од најдобрите боксери во историјата, Мајк Тајсон по пауза од 19 години ќе ја има првата професионална борба и ќе се соочи против Џејк Пол.

Тајсон на 20 јули, кога ќе биде одржана борбата, ќе има 58 години додека неговиот противник има само 27 години.

Првата идеја беше бокс-мечот да не биде професионален, меѓутоа потоа се променија плановите на боксерите.