Првиот голман на Франција се повреди шест недели пред стартот на ЕП

Францускиот голман Мајк Мањан се повреди на само шест недели пред почетокот на Европското првенство (ЕП) во Германија и постои можност да го пропушти турнирот.

Милан соопшти дека Мањан се здобил со повреда на десната нога, но не откри колку време треба да паузира 28-годишниот чувар на мрежата.

Повредата на Мењан е лоша вест за селекторот на Франција, Дидие Дешам, кој на 16 мај треба да го објави тимот со кој ќе настапи на турнирот во Германија.

Франција првиот меч на ЕП го игра на 17 јуни против Австрија, а во групата се уште и Полска и Холандија.

Мењан го пропушти и и Мундијалот во Катар во 2022 година поради повреда.