Денвер полека чекори кон титулата, познат e распоредот на натпревари со Минесота!

Кошаркарите на Денвер нагетс минатата ноќ го елиминираа Лос Анџелес Лејкерс и се пласираа во полуфинале на Западот, каде што ќе играат против Минесота тимбервулвс.

Веќе е познат и распоредот на натпревари меѓу Денвер и Минесота, па така првите два дуели се играат во Денвер на 5 и 7 мај, по што серијата се сели во Минесота на 11 и 13 мај.

Доколку победникот не биде решен во првите четири меча, потоа ќе се игра во Денвер на 15 мај, па во Минесота на 17 мај и потенцијалната „мајсторка“ е закажана за 20 мај.