Ремонт на стручниот штаб: Ѓоковиќ ќе соработува со австриски експерт?

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ пред неколку недели се раздели со тренерот Горан Иванишевиќ, а од стручниот штаб си заминаа и Едоардо Арталди, Елена Капеларо, Марко Паники.

На тренингот на Ѓоковиќ се појави австрискиот експерт за кондиција, Гебхард Фил-Грич и тоа е знак дека Србинот планира со нови луѓе да ја продолжи сезоната.

Ѓоковиќ е подготвен да тргне во поход за една од наградите кои му недостигаат во кариерата, а тоа е златниот олимписки медал.