Тешка семејна трагедија го потресе Нгану - му почина 18-месечниот син!

Поранешниот ММА-борец и актуелен боксер, Френсис Нгану беше погоден од голема семејна трагедија, откако му почина 18-месечниот син.

Камерунските медиуми први ја објавија трагичната вест за 18-годишното дете на Нгану, а потоа пристигна потврда и од борецот.

„Која е смислата на животот кога си оди тоа за кое најмногу сме се труделе? Зошто животот е суров и немилосрден? Зошто секогаш го зема тоа што го немаме? Навистина сум изморен, си отиде моето момче. Како да се соочам со ова? Ве молам помогнете ми зашто јас немам идеја како да го преживеам ова“, кажа Нгану.