Надал: Пред три недели не можев да се движам!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал успеа да се врати на големата сцена по голема пауза и се пласира во осминафиналето на мастерсот во Мадрид.

На прес-конференцијата за медиумите кажа дека пред три недели не можел да се движи и не очекувал дека ќе може да заигра на ова ниво.

„Сакам да продолжам да се натпреварувам и напредувам. Среќен сум по сè што морав да поминам. Губев од момчињата во академијата, не можев да станам и да се движам“, кажа Надал.