Трагедија: Поранешен УФЦ-борец загина во сообраќајна несреќа!

Поранешниот УФЦ-борец Џин Ерера го загуби животот во сообраќајна несреќа, која се случила во саботата на Флорида.

Ерера со неговиот мотоцикл со голема брзина удрил во друго возило, а потоа во заштитната ограда пред да падне на патот и да го загуби животот.

Борецот е роден во Калифорнија, а професионалната кариера ја почна во 2011 година, додека УФЦ го напуштил во 2016 година.