Манчестер сити се соочува со необична казна - да му се одземаат по 20 бодови во следните пет сезони!
Сити е прогласен за виновен за 114 од 115 точки од обвиненијата, но конечната санкција сè уште не е определена. Во меѓувреме, се појави и необичен предлог за можната казна. Поранешниот фудбалер и аналитичар Дени Милс предложи Манчестер Сити да биде казнуван со одземање по 20 бодови во секоја од следните девет сезони.
Според ова сценарио, клубот би останал во Премиер лигата, но би имал значително намалување на бодовите во текот на долг период. Милс смета дека ваквата санкција би била алтернатива на директно исфрлање од елитното англиско натпреварување, а оваа санкција исто така треба да го остави премиерлигашот без пласман во Лигата на шампиони.
Манчестер Сити, од друга страна, ја оспорува постапката и останува на ставот дека се невини во случајот, па веќе подготвуваат жалба.
Фото: Facebook/Manchester City