Жестока казна за Мбапе - три натпревари суспензија во Лигата на шампионите
Тинејџерот, кој е фудбалер на Лил е суспендиран на три натпревари во Лигата на шампионите, откако беше исклучен во дуелот против Бетис. Лил на домашен терен загуби со 2-3 од шпанскиот тим, а Мбапе заработи директен црвен картон во 56. минута. По интервенција на ВАР-собата и прегледување на снимката, судијата Георги Кабаков му покажа црвен картон на Французинот поради удар со лакт во пределот на лицето на дефанзивецот на Бетис, Натан.
УЕФА дополнително ја разгледа ситуацијата и одлучи Мбапе да биде казнет со три натпревари неиграње. Така, младиот играч од средниот ред ќе ги пропушти следните три европски натпревари на Лил — гостувањето кај Арсенал, домашниот дуел со Галатасарај и гостувањето кај Бодо/Глимт. Според распоредот, Мбапе ќе може повторно да настапи во Лигата на шампионите на 25 ноември, кога Лил ќе го пречека Баерн Минхен.
За Итан Мбапе ова беше само трет настап во кариерата во Лигата на шампионите. Помладиот брат на Килијан ја започна професионалната кариера во Пари Сен Жермен, а по заминувањето на Килијан во Реал Мадрид во 2024 година, ја продолжи кариерата во Лил. Во тековната сезона тој е дел и од младата репрезентација на Франција, со која настапува во квалификациите за Европското првенство.