Ѓулер откри зошто го избрал Реал Мадрид наместо Барселона

Младиот турски талент Арда Ѓулер оваа сезона имаше проблеми со неколку повреди, но конечно се врати на теренот и постигна гол, по што даде кратко интервју за медиумите во кое откри зошто потпишал за Реал Мадрид, а не за Барселона.

Ѓулер имал неколку понуди за неговата иднина, но „кралевите“ му ветиле дека ќе биде наследник на хрватскиот фудбалер Лука Модриќ.

„Сонувам за Реал Мадрид откако сум дете. Додека бев на одмор, мојот татко ми се јави и ми кажа дека ме бара Реал. Бев возбуден, се чувствував како да сонував. Реал ми кажа дека ќе бидам наследник на Модриќ, тоа ме убеди да потпишам за нив“, кажа Ѓулер.