Македонија против Франција, Унгарија и БиХ во квалификации идната година

Селекциите на Франција, Унгарија и на Босна и Херцеговина ќе бидат противници на младинската репрезентација на Македонија за девојчиња до 17 години во квалификациите во идната година, реши ждрепката во Нион денеска.

Ждрепката денеска на македонските девојчиња им донесе сериозни противници, а турнирот е најавено дека ќе се игра во Македонија во периодот од 20 до 26 септември 2018 година на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во комплексот куќа на фудбалот.

Најдобрите две селекции од секоја група, како и две најдобро третопласирани селекции ќе им се придружат на Шпанија и Германија во елитната рунда на квалификации во 2019 година.