„Ако продолжат да извикуваат Шпанијо е*и се, 'Камп ноу' ќе оди под клуч!“

Навивачите на Барселона ќе бидат ставени под лупа, откако навредливите скандирања за Шпанија станаа сè почести на натпреварите на „Камп Ноу“.

Претседателот на Здружението на шпански прволигаши, Хавиер Тебас, ги предупреди навивачите на Барселона да бидат примерни во своите скандирања и пароли бидејќи ја навредуваат Шпанија.

По референдумот за осамостојување на Каталонија, одржан на 1 октомври, навивачите на Барселона многу повеќе се занимаваат со политика и со националистички содржини отколку со фудбал. Тоа им паднало в очи на челниците на Ла Лига, па ќе преземаат мерки.

„Скандирањето за независност не го сметаме за навреда, или повик за насилство, но ако Шпанскиот фудбалски сојуз реши дека извиците како ‘Шпанијо еби се’ треба да се санкционираат, тогаш постојат низа мерки кои може да се преземат, како на пример затворање на ‘Камп Ноу’“, изјави Тебас.

Следниот тест за каталонските навивачи ќе биде натпреварот Барселона – Мурсија, на 29 ноември.