По Пирло, уште еден поранешен играч на Милан седнува на клупата на Јувентус

Андреа Пирло нема да биде тренер на Јувентус следната сезона, без разлика дали ќе успее да избори место во Лигата на шампиони или не. 

Тимот ја загуби титулата во Италија по цели девет години владеење и тронот му го препушти на Интер. Челниците на „Старата дама“ веќе преговараат со неколку имиња за наследници на Пирло, а шпекулациите велат дека се водат разговори со Зинедин Зидан и Масимилијано Алегри.

Сепак, едно име е главен фаворит да седне на клупата во Торино, а тоа Џенаро Гатузо. Поранешната легенда на Милан си заминува од Наполи по завршувањето на оваа сезона, па е подготвен за нов поголем предизвик во кариерата.

Тој ќе биде последниот во низата на легендарни фудбалери на Милан, кои ќе го водат Јувентус од клупата по Карло Анчелоти и Андреа Пирло.