Ботас си купи хокеарски клуб за да го спаси од – пропаст!
Ботас во Формула 1 заработува огромни пари, а е голем фан на хокејот како и секој Финец, па сега стана мнозински сопственик на Пеликаните. Интересно во младоста, Ф1-ѕвездата ги минал сите младински селекции во овој хокеарски клуб кој е од неговиот роден град.
„Мојата страст е хокејот и јас сакам да помогнам. Пеликанс секогаш беа и ќе бидат мој клуб и среќен сум за ова. Сакам да помагам, помагам на локални организации“, вели Ботас.
Тој има годишна плата од осум милиони долари, а сега свечената ложа во новата сала во лахти ќе биде доградена, а таму ќе се најде и бројот 77 како благодарница за Ботас и тоа што го спаси клубот.