Ф1 шампионот стана витез - Сер Луис Хамилтон

Седумкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон се закити со титулата „сер“, откако се најде на листата на почесни граѓани на британската кралица.

Хамилтон освен што доминира на тркачките патеки во болидот на Мерцедес, изминатава година се истакна и на полето на граѓанските права. Тој беше силен подржувач на движењето, Црните животи се важни“.