Вулверхемптон освои само бод против Саутемптон (ВИДЕО)

Вулверхемптон мораше да се задоволи само со бод на натпреварот против Саутемптон (1-1) во деветтото коло од англиската Премиерлига.

Волкот им донесе водство на гостите во 58. минута од натпреварот, по што на 1-1 израмни Нето во 75. минута.

Саутемптон по девет одиграни меча е на високото петто место со 17 бодови, а Вулверхемптон има 14 бодови и се наоѓа на деветтата позиција.