Легендарната фотографија на Ибрахимовиќ стана насловна за видео игра (ФОТО)

Легендарната фотографија на која Златан Ибрахимовиќ лежи и чита спортски магазин денес повторно е актуелна.

Фотографијата ја оживеа „ЕА Спортс“ која ја стави на насловната страна на последната верзија на најпопуларната фудбалска симулација ФИФА која го промени името во „ЕА ФК“.

Ибрахимовиќ ќе биде едно од заштитните лица на новата верзија за 2026 година и ќе биде ставен на насловната страна.

Исто така што Ибрахимовиќ се наоѓа на насловната страна значи и дека ќе има посебна, ретка картичка која сигурно сите играчи ќе сакаат да ја поседуваат.

Фото: AC Milan/X