Чичкото на Надал ќе биде функционер во Барселона!?

Тони Надал, чичкото на Рафаел Надал, ќе биде дел од тимот на Виктор Фонт доколку бизнисменот победи на изборите и стана претседател на Барселона.

Фонт веќе со години е близок соработник на каталонскиот клуб и уште во 2018 година соопшти дека ќе се кандидира за прв човек на тимот од „Камп Ноу“.

Извршниот директор на „Делта Партнерс Груп“ соопшти дека Надал ќе биде во неговата администрација доколку биде избран за претседател.