Монпелјe сигурен против Ница, втор триумф сезонава за Сент Етјен (ВИДЕО)

Монпелје одигра ефикасен меч во третото коло од француската Лига 1, па со три гола ја победи Ница (3-1), додека Сент Етјен запиша вто триумф сезонава откако го реши Стразбур со 2-0.

Домаќините го постигнаа првиот гол на мечот во 18. минута преку Лаборд, по што во второто полувреме Конгр стрелаше двапати за предност од 3-0. Веднаш потоа поразот на Ница го ублажи Данте на 1-3.

Во вториот меч денеска во Лига 1 победи Сент Етјен со 2-0 против Стразбур.