
Хорор: Син на НБА легенда е во кома по ужасна сообраќајна несреќа (ВИДЕО)
Несреќата се случила околу пет часот наутро кога возило од типот „Тесла Сајбертрак“ удрило во дрво, по што избувнал пожар. Елајџа, кој неодамна се обврза да настапува за универзитетскиот тим на Јужна Калифорнија (УСЦ), бил сериозно повреден. Кога пристигнале спасувачките служби, младиот кошаркар веќе бил надвор од возилото и веднаш бил пренесен во болница во тешка здравствена состојба. Иако засега нема потврдени скршеници, извори блиски до семејството информираат дека вдишал голема количина чад, поради што лекарите решиле да го стават во индуцирана кома за да му ги стабилизираат виталните функции.
Аренас јуниор во јануари ја избра понудата од УСЦ, одбивајќи ги опциите од Аризона универзитетот и од Универзитетот во Луисвил.