Ѓоковиќ ги разочара навивачите - титулата во Мадрид не е приоритет

На ден пред почетокот на неговиот настап на Мастерсот во Мадрид, Новак Ѓоковиќ ги изнесе своите очекувања за овој турнир.

Навивачите очекуваат нов атак на 100. трофеј во кариерата, но за српскиот тенисер тоа не е приоритет бидејќи смета дека во моментов не е во посакуваната форма, а таа е темпирана за најголемите турнири во сезоната.

„Приоритет се 'Ролан Гарос' и Вимблдон, тоа се турнири на кои сакам да играм максимално. Мојата форма во моментов не е таму каде би сакале да биде и затоа немам големи очекувања во Мадрид каде можам само да се надевам дека ќе прескокнам некоја препрекам и ќе ја свртам сезоната“, рече Ѓоковиќ.

Тој е трикратен освојувач на Мастерсот во Мадрид, но претходните две години не учествуваше на тој турнир. Сезонава има само едно финале и тоа на Мастерсот во Мајами каде во финалето загуби од Меншик од Чешка.