ФФМ донесе одлука: Финалето од Купот ќе се игра на Градскиот стадион во Скопје

Финалниот натпревар од Купот на Македонија ќе се одигра на 21 мај од 20 часот на Градскиот стадион во Скопје.

Ваква одлука денеска донесе Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. Во финалниот меч ќе се сретнат Вардар и Струга кои ќе се борат за еден од двата трофеја во македонскиот фудбал.

Вардар е во финалето првпат по пауза од 18 години, додека Струга играше во мечот за пехарот пред две години и загуби од Македонија ЃП на пенали.