УЕФА во полуфиналните натпревари ќе му оддаде чест на папата Фрањо

Eвропската куќа на фудбалот, УЕФА најави дека пред сите полуфинални натпревари во клупските натпреварувања кои ќе се одржат следната недела ќе има минута молк во чест на папата Фрањо.

Најголемо внимание привлекуваат секако натпреварите од Лигата  на шампионите каде што силите во битка за финалето ќе ги одмерат Реал Мадрид - Баерн Минхен и Борусија Дортмунд - Пари Сен Жермен.

„Папата Фрањо беше надеж за цело човештво во овие тешки времиња на војна“, изјави Чеферин.

Минута молк исто така беше одржана пред сите натпревари од Серија А и Купот на Италија.

Фото: EPA PHOTO