
Реал Мадрид не го доби тоа што го бараше, судиите нема да бидат променети!
Реал Мадрид правеше голем притисок за промена на судиите кои дури и се расплакаа поради тоа, но кралскиот клуб нема да го добие тоа што го сака.
„Ги назначивме судиите за утрешниот натпревар. И тоа е тоа, нема да има промени“, рече Рафаел Луизан.
Се најавуваше дека Реал Мадрид можеби ќе го бојкотира купот доколку не бидат променети судиите, но Медина Кантаљехо верува дека финалето ќе се игра.
„Финалето од Купот на Шпанија е славење на шпанскиот фудбал и се подготвува веќе два месеци. Мечот ќе се игра“, рече претседателот на судискиот комитет, Медина Кантаљехо.