
Реал Мадрид: Не сме ни помислиле да не го играме финалето!
Кралскиот клуб во изминатите денови правеше притисок врз судиите кои се делегирани да го судат финалето, бараа нивна промена, но не го добија тоа. Излегоа гласини дека Реал размислува да не го игра финалето. Но, од клубот ги негираат таквит енаписи.
„Реал Мадрид сака да соопшти дека нашиот тим никогаш не размислувал да се повлече од утрешното финале. Јасно ни е дека несреќните и несоодветни изјави дадени од судиите кои се делегирани за овој натпревар, дадени 24 часа пред финалето, не можат да го оцрнат спортскиот настан кој е од глобално значење и ќе го гледаат стотици милиони луѓе и сите оние кои планираат патување во Севиља и кои веќе се во андалузискиот главен град. Реал Мадрид верува дека фудбалските вредности мора да преовладуваат и покрај непријателството и анимозитетот кои денеска повторно се манифестираа против нашиот клуб од страна на судиите назначени за финалето“, стои во соопштението на Реал Мадрид.