
„Војната“ во Шпанија продолжува: Тебас жестоко го нападна Перез!
Прво, Реал во четвртокот продолжи со својот јавен судир со судиите преку сопствената телевизија, каде беше емитувано видео во кое директно се таргетираат арбитрите назначени за финалето, главниот судија Рикардо де Бургос Бенгочеа и ВАР-судијата Пабло Гонзалес Фуертес.
Како одговор на притисокот, судиите свикаа конференција за медиуми. Емотивен настап имаше токму Де Бургос Бенгочеа, кој со солзи во очите зборуваше за тоа низ што поминува неговото семејство, особено неговиот син во училиште. Гонзалес Фуертес, пак, најави заедничка реакција од сите судии, па дури и можност за правна постапка.
Реал, во стил кој го негува веќе цела сезона, од бојкотот на доделувањето на Златната топка затоа што не ја освои нивни фудбалерч, па сè до последниот инцидент ги откажа сите обврски поврзани со финалето, тренингот, прес-конференцијата, официјалното фотографирање и церемонијалната вечера. Воедно, објави и соопштение кое се толкува како обид за притисок судиите да бидат заменети.
Некои медиуми блиски до клубот од Мадрид дури јавуваа дека се разгледува и опцијата Реал воопшто да не се појави на натпреварот, нешто што би било без преседан во шпанскиот фудбал, но на крај од Мадрид потврдија дека сепак ќе играат вечерва.
По ова со остра реакција се огласи и претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој директно, иако без експлицитно да го спомене, го нападна првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
„Ова не е фудбал. Ова е желба за контрола,“ започнува Тебас.
„Не го сака Тебас – затоа што Тебас не прави она што тој сака.
Не го сака Чеферин – затоа што Чеферин не прави она што тој сака.
Не го сака Луис Рубијалес – затоа што Рубијалес не прави она што тој сака.
Не ги сака ТВ-коментаторите – затоа што не зборуваат она што тој сака да слушне.
Не ги поддржуваат реформите во судењето – затоа што не се она што тој сака.“
Тебас жестоко реагираше и на последните потези на Реал Мадрид пред денешниот натпревар.
„Како реагирааа? Со откажување.
Го откажуваат тренингот.
Ја откажуваат прес-конференцијата.
Ги откажуваат официјалните активности на Купот.
Им пушта на своите медиуми дека можеби воопшто нема да игра.“„Тој не протестира – тој врши притисок.
Тој не се жали – тој се заканува.
Тој не изразува несогласување – тој казнува.
Тој не сака да го подобри фудбалот – тој сака да го поседува фудбалот.“
Фото: LaLiga/X