
Флик е мајстор за финалиња - шест натпревари, шест трофеи
Меѓу другото, ќе проба и да ја продолжи својата серија без пораз во финалните натпревари бидејќи досега ниеднаш не загубил во меч за титула. Од вкупно шест трофеи како прв тренер, пет освои со Баерн, а еден со Барселона.
Како тренер на Баерн, доминираше во 2020 година кога во финалето од Купот на Германија го победи Баерн со 4-2, во Лигата на шампионите славеше против ПСЖ со 1-0, во УЕФА Суперкупот против Севиља со 2-1, во германскиот Суперкуп против Борусија Дортмунд со 3-2 и на Светското клупско првенство против мексиканскиот Тигрес со 1-0. Интересно е што тогаш ја презеде тренерската функција во Баерн од Нико Ковач кој беше сменет среде сезона.
Флик ја презеде Барселона минатото лето и досега има трофеј во Суперкупот на Шпанија што е негов седми во кариерата. До крајот на оваа сезона му останува и завршницата од Лигата на шампионите и шпанското првенство каде може дополнително да ја збогати својата колекција.