Вардар ја победи Беса и го прескокна Шкупи

Фудбалерите на Вардар ја продолжија низата без пораз во вториот дел од сезоната и денеска на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ славеа над Беса 3-1.

Најзаслужен за победата на Вардар беше искусниот Горан Закариќ кој беше двоен стрелец.

Закариќ прво го отвори резултатот во завршницата од првиот дел, а потоа постигна мајсторски гол за водство од 2-0 во 58. минута од средбата.

Беса во 69. минута намали на 2-1 преку Влатко Стојановски, но само две минути подоцна „црвено-црните“ со голот на Мато Роџерс ја вратија предност од два гола.

Со овие три бода Вардар дојде до шестата позиција на табелата каде што има 35 бода, два повеќе од Шкупи кој има натпревар помалку.