
Притисокот на Перез вроди со плод: Бенгоечеа не досуди два пенала за Барселона
Во почетната фаза од натпреварот, при еден контранапад на Барселона, топката беше свртена кон Феран Торес во шеснаесетникот, тој не успеа да ја стигне, но веднаш потоа со рака на неа играше Федерико Валверде кој буквално си ја смири.
Главниот судија Де Бургос Бенгоечеа само одмавна со раката и не покажа на белата точка што предизвика гнев кај сите во Барселона.