
МКК Куманово пак го згази Кожув, полуфиналето е на само чекор
Кумановци вечерва го совладаа Кожув со 90-72, уште поубедливо отколку пред три дена кога славеа со 12 поени разлика. Целата работа МКК Куманово ја заврши во првото полувреме кое го доби со 53-31, па во продолжение само рутински го приведе натпреварот кон крајот.
Од клучно значење се покажа серијата од 16-0 на домашниот тим во втората четвртина во период во кој Кожув беше без постигнат поен повеќе од пет минути. Во продолжение дојде и највисокото водство на МКК Куманово (67-35), па Кожув во финишот дури успеа да се избори и за пристоен пораз.
Радукиќ со 23 поени и 12 скока беше најдобар поединец на натпреварот, а дабл дабл имаа и Луковиќ и Тадиќ, двајцата со по 19 поени и 10 скока. Кај Кожув, Пилепиќ беше најефикасен со 23 поени, а Вилсон додаде 19.