Спектакуларни 90 минути, а Барса и Реал ќе играат уште 30 (ВИДЕО)

Финалето од Копа дел Реј влезе во нов ден откако по 90 минути игра во Севиља, Барселона и Реал одиграа нерешено (2-2) и победникот ќе го одлучуваат по продолженија, можеби и пенали.

Барса беше одлична во првото полувреме, водеше со 1-0 со евроголот на Педри, но во  вториот дел сликата апсолутно се смени. Во игра влезе Мбапе кој го разигра Реал и самиот го израмни резултатот од слободен удар, за неколку минути подоцна Чуамени да го комплетира пресвртот на мадридскиот тим.

Се чинеше дека тука е готова приказната, но на шест минути пред крајот Феран Торес ја искористи грешката на Ридигер и Куртоа и ги постави конечните 2-2.

Во финишот од судиското продолжение има спорен момент кога главниот судија покажа на белата точка за Барселона за наводен фаул на Асенсио врз Рафиња, но откако ја прегледа снимката, заклучи дека нема пенал. Претходно имаше три ситуации каде можеше да ѝ даде пенал на Барса, но не го направи тоа.