Белингам збесна: Сите судиски одлуки беа во корист на Барселона!

Англискиот репрезентативец Џуд Белингам доби црвен картон на крајот на мечот против Барселона во шпанскиот Куп (2-3).

Белингам беше гневен поради поразот, а очигледно не му се допаднале ниту судиските одлуки, кои ги критикуваше во тунелот на стадионот.

„Сè оди во нивна корист. Секоја 50-50 одлука е во нивна корист“, кажа Белингам.